ВМРО-ДПМНЕ ги повика партиите од власта БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА да гласаат за смена на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Венко Филипче и Илир Хасани, да ги достават оставките до Собранието, а не до премиерот, кој видовме дека нема да ги прифати, реагира најголемата опозициска партија.

– Филипче и Хасани имаат рок до вторник да ги поднесат оставките до Собранието. Доколку не ги поднесат, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик. ВМРО-ДПМНЕ нема да бара интерпелација за таа да не заглави во некоја од фиоките на Талат Џафери – велат од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче и Хасани мора да сфатат дека одговорност мора да има, и тие не смеат да бидат на своите позиции од морални причини, а тоа што ќе покаже истрагата е предмет дали за нив ќе има кривична одговорност или не. Тоа се два различни поими и постапки кои треба да течат одвоено.

– ВМРО-ДПМНЕ ги повикува партиите од власта: БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА да не го штитат Филипче и да изгласаме негова смена. Очекуваме БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА исто така да го повикаат Филипче и неговиот заменик Хасани на оставка. Одговорност мора да има – велат од најголемата опозициска партија.

13.09.2021 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега