ВМРО-ДПМНЕ го демантира СДСМ: На времето правеа бугарски летоци, сега измислуваат документи

ВМРО-ДПМНЕ утрово испрати демант во однос на документите кои утрово ги испратија од СДСМ, во кои тврдат дека анкетите изнесени на националниот јавен сервис во текот на изминатиот период се лажни. 

„Најостро и изрично ги демантираме информациите првично објавени во еден медиум, а потоа истите лаги дополнети од СДС.

Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДС“, стои во демантот на опозицијата.

Тие велат дека потписите на документот се целосно измислени и не кореспондирале со реалните.

„Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста.

Сметаме дека изворот на ваквите информации се од кујната на СДС кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз.  

За парите дадени на Асаф Исеин можеле да бидат барем малку покреативни во измислувањето.

Поминува времето кога Ковачевски може шеретски да седи на влада и да одлучува кој што ќе прави. Да потсетиме на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен. Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош. Бараме СДС да се извини за ваквите лаги, во спротивно ќе следи тужба за клевета“, стои во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.
03.04.2024 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега