ВМРО-ДПМНЕ го кани Ковачевски на брзи избори

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го кани Ковачевски на брзи избори без техничка влада, потенцирајќи сегашниот премиер Ковачевски да се охрабри и да го прифати предлогот, а за помалите партии предложуваат една изборна единица. 

-Пиунот Ковачевски да се охрабри, ајде на брзи избори без техничка влада, а за помалите партии една изборна единица.

Доколку Ковачевски има страв со техничка влада, нека не се плаши, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за нејзино укинување, еве му го Оливер Спасовски во МВР ќе му го држи стравот, само нека се охрабри. Ако пиунот Ковачевски верува во тоа што го зборува, тогаш тој нема да чека и ќе излезе на избори веднаш, велат од партијата.

-Помалите партии кои имаа проблем со изборниот модел, ВМРО-ДПМНЕ директно ветува дека ќе поддржи една изборна единица, само нека излезат од владата и да се распишат избори веднаш. Ако ЛДП, ДОМ и ДС се искрени со своите гласачи, тие ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја напуштат владата. Една изборна единица е заложба за која зборуваат со години, сега ќе ја имаат, доколку не излезат ќе покажат дека се било само за политички поени, а всушност се декор на мафијата СДСМ-ДУИ, се дополнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, испратена до медиумите.

24.01.2022 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега