ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните плаќале скап паркинг, а министри од власта си паркирале бесплатно 24/7

-Јавното претпријатие „Градски паркинзи“ Скопје кое е долги години е управувано од кадар на партијата од власт, Демократски Сојуз е компанија должник. Ова претпријатие поради своето недомаќинското работење, должи 33 милиони денари кон Град Скопје, иако добивало дури и субвенции во речиси ист толкав износ.

Очигледно дека се правени злоупотреби штом едно вакво претпријатие кое наплаќа простор за паркирање и кое речиси и да нема влезни трошоци, креирало толкави загуби, обвинуваат утрово преку писмено соопштение до медиумите, од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Постојат основани сомнежи дека директори, министри, советници и луѓе блиски до централната власт паркирале бесплатно преку упад на системот за паркирање. Ова значи дека додека граѓаните плаќале скап паркинг, додека градот Скопје со народни пари финансирал недомаќинско работење наместо да гради улици, реновира училишта, некој имал привилегија постојано 24/7 со години да користи бесплатен паркинг, само затоа што бил близок до власта на СДСМ.

Ова ли се принципите за декриминализираност кои ги проповедаат функционерите од партијата чиј кадар го водел јавното претпријатие „Градски паркинг“?

Ова е класичен случај за обвинителството, доколку имавме правна држава, а не правен параван кој штити криминал на власта, се вели во соопштението на партијата.

Оттаму додаваат: „Јавно го повикуваме Демократскиот сојуз кој во моментов е панцир за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ да каже што се крие зад сомнежите за злоупотреби во градскиот паркинг, кои се лицата на списоците за слободно паркирање?

Демократскиот сојуз е дел од власта на СДСМ за да користи привилегии и штити криминал“.

21.01.2022 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега