ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се борат за живот, Заев и Филипче возат мотори, го распаднаа здравството

 

Здравствениот систем во катастрофална сосотојба, по неколку десеттина умираат секој ден од корона, лекови нема, болнички кревети нема, лекари и воопшто медицински персонал нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека нема ниту вакцини, ниту е вакциниран медицинскиот персонал, ниту е доволна оваа количина од Ковакс механизмот, која и доцни.

-Граѓаните ја преплавија Србија за да се вакцинираат. Филипче и Заев за ова не се интересираат. Зошто би се интерсирале?! Филипче и Заев си возат мотори, се релаксираат. Власта се релаксира, граѓаните се борат за живот. Ова е Македонија водена од Заев. На ваквото однесување мора да му се стави крај! За сета оваа негрижа за граѓаните и катастрофата во која е здравствениот систем, Заев и Филипче ќе одговараат, се наведува во соопштението на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2021 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега