ВМРО-ДПМНЕ: Груби да каже дека ДУИ прифати предвремени парламентарни избори

 

Добро би било Артан Груби да излезе и да каже дека ДУИ прифати предвремени парламентарни избори следната година, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако тој во гостувањето на ТВ 21 истакна дека претседателот на партијата, Христијан Мицкоски прифатил премиер Албанец во последните 100 дена на Владата.

- За разлика од СДСМ/ДУИ, ние нема да навлегуваме во стапицата на националистички тези и романтизми кои ги користат за да го покријат криминалот кој се одвива во позадина. Имајќи го предвид скромниот капацитет на Артан Груби и неговата политика на сеење омраза, поделби и национализам не очекуваме поинаков пристап од веќе видениот на рекла казала политики, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

13.12.2021 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега