ВМРО-ДПМНЕ: Груби да престане да глуми Европеец, неговото срце лежи на куфер украдени пари

Груби да престане да глуми Европеец, и лажно да се прикажува за некаков фактор, затоа што едининствено што преставува, е портпарол на мафијата на власт, и слуга на криминалните интереси поради кој народот на Македонија глава не може да крене“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на вицепремиерот.


„Со Артан Груби и ДУИ може само да биде киднапиран пратеник, а не и да се интегрираме во ЕУ. Кога Артан Груби збори за европски вредности, Европа ја боли глава.

И друг пат кога ќе говори кој каде му бил срцето, знаеме дека срцето на Артан лежи на куфер украдени пари“, додаваат од партијата на Мицкоски.

 

14.11.2021 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега