ВМРО-ДПМНЕ: Иднината е во новиот заеднички патриотизам, а не државата да биде поделена помеѓу клановите на власта

Иднината е во новиот заеднички патриотизам, а не државата да биде поделена помеѓу клановите на власта, Струмица на Заевци, а Битола на Вицевци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заеднички патриотизам е да донесеме нови странски инвестиции, се повеќе домашни фирми да го окрупнуваат производството, а младите да се охрабруваат да влегуваат во приватен сектор и да отпочнат свој бизнис, за да обезбедиме повисоки плати. Да има повеќе пари за народот. А не како сега сите бизниси да ги добиваат фирмите блиски до Вице. Заеднички патриотизам е кога ќе се обединиме да изградиме нова клиничка болница која нема да вреди половина милијарда евра затоа што овие од здравство бркаат провизии. Заеднички патриотизам е кога наместо да се поставуваат модуларни како во Тетово ќе се прават болници од цврста градба, ќе се доврши клиничката болница во Штип, која 5 година не е чепната, сметаат од партијата.

Велат заеднички патриотизам е кога борбата против криминалот ќе биде неприкосновена.

-А не името на Вице да исчезнува од кривична пријава, само затоа што е брат на премиерот. Заеднички патриотизам е кога исто ќе важи законот и за премиерот и за земјоделецот кој произведува храна да ја прехрани нацијата. Заеднички патриотизам е кога ќе имаме задоволни земјоделци чија пот и мака ќе бидат исплатени до последниот денар. А не како до сега родот да завршува на буниште. Заеднички патриотизам е да се бориме за квалитетно образование, а не образование со електронски учебници само затоа што треба да има тендери што ќе завршат во приватни џебови. Заеднички патриотизам е Македонија да напредува, народот да е побогат, политичарите слуги на народот, а институциите во служба на граѓаните. Време е да создадеме нова иднина, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

02.10.2021 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега