ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план за гасификација и граѓаните да плаќаат поевтина струја

Македонија нема веќе време за чекање 2021 година, а домаќинствата низ државата немаат достап до гас. ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја гасифицира Македонија и за четири годишен мандат на идните општински и градски власти и до 50% од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако сакаме почиста животна средина, гасот е неопходен. Граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат и поевтина струја. Планираме да го продолжиме животниот век на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2040 година, тоа ќе допринесе за поголемо производство и поевтина струја за сите. Парите од акцизата на дизелот која СДСМ ја воведе пред 2 години ќе завршат кај граѓаните. За проекти од областа на културата, спроти образованието. Време е државата да се развива правилно. Време е за Македонија за сите луѓе, велат од партијата.

16.07.2021 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега