ВМРО-ДПМНЕ: Именувањето на Павлина Црвенковска е класичен пример за партизација на судската власт

Павлина Црвенковска нема никаков кредибилитет да го води Судскиот совет, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, нејзиното именување е класичен пример за партизација на судската власт и инсталација на Зоран Заев.

-Прво, таа не е ниту компетентна ниту квалитетна да одлучува за избор и разрешување на судии, од проста причина што нема ниту ден стаж како судија. Второ, таа е докажан партиски кадар на СДСМ кој голем дел од кариерата бил шеф на кабинет на Бучковски, функционер во владите на партијата на власт. Трето, се поврзува со скандалозното пропаѓање на Еуростандард Банка, афера тешка стотици милиони евра во која оштетени се илјадници семејства. Имено нејзиниот сопруг, исто како и Заеви, зел кредит без соодветно покритие од Еуростандард банка, зел 1.6 милиони евра кои не ги вратил. Токму ваквите кредити ја пропаднаа банката и ги оставија илјадници семејства без своите заштеди и пари, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Сето ова покажувало дека Павлина Црвенковска е типичен пулен на Зоран Заев кој по многу работи е идентичен како и менторот. Од партијата велат дека со Павлина Црвенковска нема да има реформи во судството и побараа таа веднаш да си поднесе оставка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега