ВМРО-ДПМНЕ: Историски највисоки приходи во Буџетот, парите ќе се искористат за студенти, пензии, плати, патишта и градинки

 


Историски значителен пораст на приходите во Царинската управа и Управата за јавни приходи. Приходите од даноците и придонесите бележат раст од 7,4%, додека пак приходите од увозните давачки се за 19,2% зголемени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во јули 2025 година, највисока месечна наплата на даноци до сега од над 14 милиони денари, што е за 6,9% раст или 922 милиони денари повеќе во Буџетот од минатата година. Во делот на социјалните придонеси, Управата за јавни приходи бележи раст од 13,4% или 1.400.000 денари повеќе во однос на истиот месец минатата година.

Освен УЈП, историска наплата има и Царинската управа од над 12,6 милијарди денари, со што за прв пат се надмина бројката од 12 милијарди денари. Во однос на минатата година се бележи зголемување од 5,4% или 10,5 милиони евра повеќе пари за граѓаните. Раст има по секој основ и со ова се поставуваат нови, повисоки стандарди, со кои се покажува континуитет во работата и политиката на Владата за подобрување на економијата.

Овие пари кои се влеваат во Буџетот, се наменети за 250 евра за секој студент, 2 милијарди денари за факултетите, 800 милиони денари плус за плати, 2,5 милијарди денари повеќе за пензии, нови патишта, нови автобуси, нови градинки.

За разлика од порано кога се крадеше, сега тие пари се на граѓаните и во Буџетот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните и нивна поддршка“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

07.08.2025 - 09:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега