ВМРО-ДПМНЕ: Измамникот Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори

Измамникот Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста испратено денеска.

Според партијата, тој не е способен да си го исполни сопственото ветување дека ќе си замине ако нема успех на планот на европски интеграции.

-Заев доби власт на две основни лажни ветувања, живот за секого, и преговори со ЕУ. И во двете не успеа и ги разочара граѓаните. Државава тоне во тешка политичка и економска о здравствена криза. Отспаките на Заев завршија со ново фијаско. Нема повеќе ниту една причина измамникот Заев да биде премиер кога со него државава бележи само порази и неуспеси. Ниту ја сочува жицата ниту ја донесе ЕУ. Со Заев само криминалот и корупцијата се реалност. Тој е готов и минато. Треба да признае дека неговата кариера завршува неславно. Да потсетиме дека Европската Унија не препознава вредност во политичар кој го краде и лаже сопствениот народ. Кој зема рекет од 8 милиони евра и прави бизниси со панамски пари со анти ЕУ и анти НАТО политичари. Со измамникот Заев нема ЕУ и нема иднина, се вели во дописот од опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2020 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега