ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК потврди дека со СДСМ на власт државата тоне

СДСМ ако лаже, Извештајот на ЕК не лаже, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека извештајот на ЕК потврди дека ВМРО-ДПМНЕ остана ангажирана во Парламентот и ги поддржа клучните прашања од заеднички национален интерес, како што се реформите поврзани со ЕУ и процесот на интеграција во НАТО.

„Извештајот на ЕК потврди дека судскиот систем е под палката на Зоран Заев.

Извештајот на ЕК потврди дека поради СДСМ и Заев корупцијата е распространета во Македонија.

Извештајот на ЕК потврди дека власта не се бори против криминалот, како што се перење пари и финансиски криминал.

Извештајот на ЕК потврди дека стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена.

Извештајот на ЕК потврди дека економијата во Република Македонија е на дно, состојбата е загрижувачка.

Извештајот на ЕК потврди дека власта потфрлува на секое можно поле. Со СДСМ на власт Македонија не оди напред. Со СДСМ на власт државата само тоне.“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега