ВМРО-ДПМНЕ: ЈО молчи и го крие СДСМ- Каде се стотици илјади евра за рекламирање кои не се пријавени?

СДСМ од страв од народот кој што излезе во вторник на протест го активира политичкото обвинителство против ВМРО-ДПМНЕ, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ по прес конференцијата на Костадин Костадинов.

Од партијата наведуваат дека вистината е дека сето рекламирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ е транспарентно и законски.

„Костадин Костадинов нека не молчи и нека одговори за извештајот каде што недостасуваат стотици илјади евра за рекламирање. Пред месец дена ВМРО-ДПМНЕ обзнани дека на СДСМ во извештајот и недостасуваат стотици илјади евра за рекламирање.

СДСМ дневно трошеше на социјалните мрежи за рекламирање околу 27 илјади евра на ден што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра за реклами само за на социјалните мрежи.

Во извештајот  на СДСМ ги нема реално потрошените десетици илјади евра дневно, за еден ден рекламирање на социјални медиуми, СДСМ не ги пријавува,  а СДСМ  прикажува само 17 илјади евра потрошени за таа намена за цела кампања и нема истрага Русковска не реагира!

Русковска обвинителството молчи и го крие криминалот на СДСМ.

 

Заев не е иднината на оваа земја туку тегот и изворот на сите проблеми“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега