ВМРО-ДПМНЕ: Каевски да не глуми загрижен, нека го поддржи законот за продолжување на важноста на пасошите

Каевски да не глуми загрижен, нека го поддржи законот за продолжување на важноста на пасошите, затоа што заради СДС народот е заглавен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Едноставно е да се надмине проблемот кој СДС го создаде, потребно е нивните пратеници да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се продолжи важењето на пасошите. СДС ја остави МВР без обрасци. СДС 2 ипол години издаваа пасоши за кои знаеја дека нема да важат по 12 февруари. СДС ја создаде гужвата по полициски станици“,  дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според нив  СДС со години ги спуштаат стандардите на услугите кои треба да ги пружат институциите.

 

„Граѓаните со право велат дека немаме држава. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, завршуваат од партијата.

 

Претходно портпаролот на СДСМ Дарко Каевски оцени дека наместо решение, ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и го заглавува издавањето пасоши.

 

 

16.02.2024 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега