ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се новата генерација на луѓе кои ќе го креираат развојот на општините

ВМРО-ДПМНЕ овие локални избори нуди енергични кадри кои што имаат визија, план, стратегија и развој на секоја општина, велат од партијата.

-Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се новата генерација на луѓе кои ќе настапат на политичката сцена и ќе го креираат развојот на општините во нашата земја.ВМРО-ДПМНЕ преку кандидатите за градоначалници нуди нова сила која што ќе донесе подобри промени во општините низ државата и искоренување на криминалот и корупцијата кои се длабоко навлезени поради власта на Заев.Кандидатите за градоначалници преку своите проекти нудат место за секој еден граѓанин да почувствува дека е опфатен во креирањето и градењето на неговата општина. Криминалната банда СДСМ нуди кандидати кои што имаат криминално досие. СДСМ нуди стари потрошени и докажано неспособни кадри кои што немаат реализирано ниту 10% од своите програми од претходните локални избори.Ова е разлика помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.Време е за одлуки кои ќе испратат јасна порака до власта дека нивното заврши. Промените доаѓаат, се вели во дописот.

21.08.2021 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега