ВМРО-ДПМНЕ: Ќе обезбедиме за еден мандат до 50% од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас и загаденоста да се намали

ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди за еден мандат до 50% од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, и загаденоста да се намали, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Општинските и градски власти предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможат преку општински и градски претпријатија секое домаќинство да добие бесплатен приклучок на гас, а со тоа ќе се намали загаденоста на воздухот во зимските денови, бидејќи таа во голем процент е резултат на тврдите горива кои се користат за затоплување на домовите.

Грижата на ВМРО-ДПМНЕ за поевтини енергенси не застанува тука. Ќе го продолжиме животниот век на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2040 година. Со тоа ќе спаси многу работни места, кои доколку СДСМ остане на власт ќе бидат изгубени, а илјадници ќе останат на улица без егзистенција.

Продолжувањето на животниот век на двете термоелектранј во Битола и Кичево ќе значи и зголемено производство на струја, но и поевтина струја следствено на тоа.

 

ВМРО-ДПМНЕ има за свој приоритет граѓаните да добијат евтини енергенси и здрава животна средина. Време е за Македонија за сите луѓе!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

19.07.2021 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа