ВМРО-ДПМНЕ: Ќе овозможиме секој граѓанин да одлучи за кој проект во неговата општина ќе биде потрошен неговиот данок

ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи секој граѓанин да одлучи за кој проект во неговата општина ќе биде потрошен неговиот данок.

-Мерката „Мојот данок за мојот проект, во мојата општина“ е мерка со која ќе им се овозможи на сите граѓани да одлучат каде ќе бидат потрошени парите кои ќе ги уплатат за данок на имот во нивната општина. Општината ќе постави апликација на која ќе можат граѓаните да следат колку пари има за нивниот проект. Со оваа мерка ќе им се овозможи на граѓаните сами да ја менаџираат својата општина. Со оваа мерка ќе се стави крај на сите злоупотреби, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека граѓаните од определен дел на некоја општина ќе можат да уплатат пари на име данок на имот кои ќе бидат искористени за поправање на нивната улица, за канализација во нивното место итн.

 

-Секој ќе може да влијае директно. Време е да им овозможиме на граѓаните поголема можност за одлучување. Време е за Македонија за сите луѓе, се наведува во соопштението.

27.07.2021 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега