ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за Георгиевски и советниците на Гази Баба

Борче Георгиевски старо-новиот пулен на Зоран Заев за Гази Баба, брутално и насилнички го презеде советот, го исклучи претседавачот на советот и украде 150 милиони денари од од општинската каса на Гази Баба . Со една цел- изборен поткуп, истакна на вонредната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски откако претходно со кршење на процедурите иделовникот беше донесен ребалансот на буџетот.

-Цели 31 час непрекинато траеше седницата на која советниците на ВМРО-ДПМНЕ го спречуваа грабежот. Спречуваа грабеж и втор ребаланс на општинската каса за само 20 дена. Борче Георгиевски нервозен и во паника зошто не му поминува криминалот направи уште еден криминал и сам донесе одлука за ребаланс, надвор од закон и секоја правна логика. И тоа се откако дозна дека е повторно кандидат за гарадоначалник миленик на Заев.

Георгиевски ја злоупотреби својата службена положба и овластување, и на насилен начин спротивно на закон донесе одлука за гласање на ребалансот на буџет, иако не е претседавач на советот.

Георгиевски е исплашен и до гуша заглавен во криминал.

Видео снимката која ќе ја пуштиме во прилог на оваа изјава покажува како Георгиевски го крши законот, и на сила без правен основ донесува одлука за ребаланс на буџетот.

Ова е кривично дело за кое и Георгиевски и советниците кои гласале ќе сносат одговорност и за кое ќе се најдат пред лицето на правдата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави и против Георгиевски и против советниците кои го гласаа ова незаконие“ рече Стоилковски.

А доколку казна нема сега, ќе има по воспоставувањето на правната држава.

 

Злоупотребите и крадењето се синоним заедно со насилството за СДСМ. Тоа мора да запре. Нема полошо за Македонија, нема полошо од нејзините криминалци за вашите општини, рече Стоилковски.

30.07.2021 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега