ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е дискредитиран, нема доверба од јавноста и треба да си даде оставка
Коцевски е дискредитиран и нема доверба од јавноста. Довербата на народот во правосудството е помалку од 2 проценти, бидејќи Коцевски не отвoра предмети, не гони криминал и чува предмети во фиока, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Коцевски е делегитимиран и од Собранието. Со негласањето на интерпелацијата од страна на СДС се докажа само меѓусебната заштита, помеѓу тие кои го поставија од Струмица и Мала Речица и потребата од негово опстојување на функцијата за да ги штити од одговорност пред правдата функционерите од СДС и ДУИ.
Со што толку се задолжи Коцевски кај СДС и ДУИ што и покрај тоа што е делегитимиран не поднесува оставка и останува на позицијата?
Дали Коцевски се срами кога го бранат СДС и ДУИ?
Дали на Коцевски повеќе му значат лукративните цели и личната корист од владеењето на правото и правдата во државата?
Импресивно е како Коцевски балансира помеѓу улогата обвинител и верен потрчко на Заев и Филипче. Очигледно правдата е на одмор, а срамот кај Коцевски е тотално отсутен.
Коцевски не превзема мерки и не постапува по значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција, поради тоа треба да ја прими пораката од народот и Собранието и да си даде оставка.
Коцевски да не ги држи во заложништво владеење на правото и правдата во државата и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни реформи и целосна трансформација на правосудството“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа