ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите

Црните рекорди на Филипче продолжуваат. Секој ден четирицифрена бројка на новозаразени со корона според статистиката на министерството за здравство. Вкупната бројка на заразени се движи кон 45 илјади, а неспособниот Филипче предвидуваше дека ќе биде две илјади. Во последното деноноќие уште 25 семејства завиени во црно, а од почетокот на пандемијата 1263 починати лица, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособниот Филипче ги фрла граѓаните во секојдневна голгота. Нема соодветна терапија за сите, истата се добива во приватните болници, пациентите умираат на пат до болница, по ходници на клиниките. Прашуваме кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите додека државното здравство колабира, велат од партијата.

Медицинските лица се целосно незаштитени. Филипче девет месеци од короната кризата ги остава без соодветна лична заштита, па така од почетокот на пандемијата 1527 медицински лица, а починаа 13. Време е за одговорност! Затоа Филипче оставка веднаш!, потенцираат ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега