ВМРО-ДПМНЕ: Колку повеќе се препелкаат во калта, толку поболен ќе им биде падот од власт

Повторно се докажа максимата дека Зоран Заев никогаш не си стои на зборот, па затоа мораше да измисли нова фраза, досега непозната, повлекување на оставката на неопределено време, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо оставка, за да си ја продолжи својата политичка кариера, премиерот во заминување Заев се дрзна дури и да киднапира народен избраник, сè со цел да не му се изгласа недоверба во Собранието. Со ваквиот негов чекор очигледно е дека тој државата ја смета дека е еден нарко-картел, па почна да киднапира луѓе за да продолжи криминалот на кланот Заеви“, стои во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, државата ја води картелска власт, поради што секој ден сè повеќе тоне економски, граѓаните осиромашуваат, а криминалот и корупцијата растат.

„Граѓаните јасно покажаа дека се против оваа криминална власт и падот на оваа најкриминална власт досега ќе дојде многу брзо. Колку повеќе се препелкаат во калта, толку поболен ќе им биде падот од власт“, велат од партијата и додаваат дека оставката на Зоран Заев за многу брзо ќе ја испорачаат граѓаните.

МАКФАКС

14.11.2021 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега