ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да не ги краде граѓаните, намалување на ДДВ на горивата на 5%

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побара да се намали ДДВ-то на горивата на 5 отсто.

„Ковачевски да не ги краде граѓаните, намалување на ДДВ на горивата на 5%.

Ковачевски да не удира врз народот, тоа што СДСМ и ДУИ крадеа 5 годиnи не треба сега да биде покривано од граѓаните преку плаќање на скапи горива.

И во Германија се намалија даноците на горивата и до 30 евро центи, само во Македонија не.

Намалувањето на ДДВ од 18% на 5% ќе влијае на намалување на цената на горивата и ќе спречи крах во транспортниот сектор, земјоделието и индустријата во целост.

Високите цени нема да го наполнат буџетот, иако Ковачевски на тоа се надева, тие само ќе го осиромашат народот и ќе ја фрлат државата во сиромаштија.

Очигледно е дека СДСМ не знае како да управува со државата, па својот криминал сака да го покрива со удар врз граѓаните. Токму затоа потребни се предвремени избори час поскоро“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

03.06.2022 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега