ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да не манипулира со јавноста

Дезертерот Ковачевски не треба да манипулира со јавноста. ВМРО-ДПМНЕ е за заштита на државните интереси, а против предавствата на дезертерот Ковачевски и неговиот ментор Заев. Вака реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со интервјуто на Димитар Ковачевски, којшто пак потенцираше дека партијата работела во спортивност на интересот на граѓаните.

„Ковачевски има проблем со поимањето што е државен интерес. Не е државен интерес да смениш име, да потпишеш капитулација со Бугарија, а тоа да го преставуваш за врвен дострел. Но државен интерес е да ја внесе државата во ЕУ со заштитен идентитет, да има нормални односи со соседите, да се промовира македонскиот идентитет, работи кои не ги прави дезертерот Ковачевски.

Дезертерот Ковачевски треба да се фокусира кон економијата која пропаѓа, кризата со струја која се продлабочува и да се заштити народот од инфлацијата која галопира. Тоа треба да го прави дезертерот Ковачевски. Впрочем што друго се очекува од човекот кој лажел и се пишал за неспособен само да не оди во војска“, стои во реакцијата на опозициската партија.

24.09.2022 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа