ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори дали некој им дојавил на 10-те лица од кланот Грчец да избегаат од правдата
Ковачевски мора да одговори пред јавноста, дали е точно дека некој, навремено ги известил 10-те водечки лица од кланот Грчец, на чело со Шеваљ Муареми, да избегаат пред лицето на правдата, пред да се спроведе акцијата на МВР, за нивно апсење, прашуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.
-Треба Ковачевски да каже јасно, дали предупредувањето им го дал висок функционер од ДУИ, со кој тие биле во блиски релации. Кои се причините Ковачевски ова да го дозволи, кога ги знаел блиските релации на овие лица со врхушката на ДУИ. Дали свесно е дозволено бегството, на дури 10 луѓе, поврзани со трговија на дрога и убиства низ државата. На лидерот на групата Шеваљ Муареми, една од омилените активности му е и сликање со новиот технички премиер Талат Џафери, велат од партијата.
„На сите овие криминалци им се ближи крајот, доаѓаат времиња кога во Македонија, нема да има простор за криминалци и убијци, поврзани со политички партии на власт.
Одговорност ќе има, во тоа сите да бидат сигурни. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа