ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да побара отворање на македонски културни центри во Бугарија

Ковачевски да побара отворање на македонски културни центри во Бугарија, како и заштита на македонците, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски да излезе и да не се крие од граѓаните. Тој ја одмолче посетата на Петков и не побара од него реципроцитет.
Дополнително Ковачевски не го потсети Петков дека доаѓањето во Битола е одлична можност тој да се извини за жртвите од бугарските фашисти во Македонија“, велат од опозициската партија.

„Ако Ковачевски не отстапува од македонските црвени линии, тој ќе го побара сето ова веднаш од Петков.
Ковачевски треба да ги штити македонските позиции, и да се придржува до Декларациј„та изгласана во собранието“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, во реакцијата испратена утрово до медиумите.

18.04.2022 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега