ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи трајно ги нарушија Македонските позиции

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Димитар Ковачевски и Бујар Османи ги нарушиле македонските позиции и притоа ја ставиле државата во ризик од хибридни напади.

„Со преговарањето и договорањето на последниот предлог Ковачевски и Османи трајно ги нарушија преговарачките позиции на државата. Секои идни преговори ќе тргнуваат од почетната точка опфатена во предлогот.

Со криење од јавноста, од експертите, од академската заедница и од парламентарните партии тие ја донесоа државата во опасност. За потоа да измислуваат наводни хибридни напади, за кои не кажуваат од што се состојат, кој е одговорен и зошто не преземале ништо.

Ковачевски и Османи наместо да продолжат со молчење да кажат од кого е нападната државата и зошто не го спречиле тоа, ако тоа се случило?

Власта да не бега од одговорност. Тие 6 месеци тајно преговарале и носат вина за нанесување на трајна штета на државата и нејзините преговарачки позиции, но и за неуспехот кој државата го има на патот кон ЕУ.

Ковачевски, Османи и целата влада треба да си заминат. Потребни се избори веднаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

27.06.2022 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа