ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нека не бега и нека ја прифати нашата подадена рака

Ковачевски не треба да бега од подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата, велат во писмено соопштение од најголемата опозициска партија.

Тоа е во интерес на граѓаните и на Македонија. Ковачевски треба да престане да биде заложник на заевизмот, но и заложник на коалицискиот партнер.

ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет кој е во интерес на граѓаните, кои на крајот на краиштата во огромно мнозинство сметаат дека Македонија се движи во погрешен правец. Затоа предлагаме експерти кои можат да помогнат во клучните области, но и да определиме датум за предвремени избори, кои патем може да се одржат со изменет закон со една изборна единица како едно од барањата во коалицискиот договор помеѓу СДСМ и нивните помали партнери“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

13.05.2022 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега