ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски пропушти уште една шанса да се огради од Заев

Ковачевски пропушти уште една шанса да се огради од Заев, и наместо тоа го пофали и се гордее до него, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на новиот претседател на СДСМ и мандатар, Димитар Ковачевски за Сител.

-Димитар Ковачевски вечерва призна дека е продолжение на Заевизмот. Истите бледи политики на економско поле и во енергетскиот сектор ќе продолжат повторно како во времето на Заев. Со Ковачевски се луѓето на Заев, Зечевиќ, Лукаревска, Богоев, Костадинов, Каевски, Битиќи, скоро 90% од врвот. Ковачевски вечерва го аболицираше Заев за лошите политики, за 60.000 останати без работа, за 5.600 затворени фирми, за десеткратно поскапата струја која ја плаќаме, за рекетот и криминалот. Не откажувањето од Заев е доказ дека тој само ќе ги продолжи неговите политики, се вели во реакцијата.

 

28.12.2021 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега