ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДСМ и ДУИ чини животи, после 15 дена нема одговори и одговорност за 45 жртви во изгорениот автобус

Поминаа 15 дена од стравичната катастрофа со автобусот на Беса Транс, а од власта нема ниту одговори, ниту одговорност. Власта на Заев ја замајува јавноста со театри, наместо да понесе одговорност за смртта на 45 лица, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение.

„Власта на СДСМ и ДУИ молчи како е возможно без извод од лиценца автобусот на Беса Транс да патувал 140 пати на меѓународни тури. Молчат и за тоа ккао е возможно на кобното патување автобусот воопшто да не бил внесен во системот на Царина. Нема одговри ниту за злоупотребите на регистарските таблички, ниту за тоа кој ја дал хомологацијата, ако се има предвид дека автобусот бил репариран и со зголемен капацитет на 54 патници. МВР, Царина, надлежниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и дузина институции се одговорни за низата пропусти и злоупотреби поради кои настана несреќата. Затоа институциите си играат пинг понг со одговорноста исто ккао и со трагедијата со тетовската болница.“, велат од партијата.


07.12.2021 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега