ВМРО-ДПМНЕ: Криза во владејчката коалиција - власта е во паника

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата најостро реагира и апелира до министерот за економија Крешник Бектеши да престане да ја замајува и манипулира јавноста.

„Очигледно, од ден на ден се повеќе и повеќе расте нервозата и паниката кај власта. За неспособноста на Владата се виновни сите освен Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

Му порачуваме на министерот Бектеши да се позанимава и да ги повика пратениците од владејачката коалиција да дојдат во Собранието. Го повикуваме Бектеши да побара одговори од пратениците од власта зошто не доаѓаат на пленарните седници иако не се изолирани и не се заразени од КОВИД.

Очигледно, коалициските проблеми и несогласувања на и онака веќе тенкото владејачко мнозинство, испливуваат на површина. Ова е уште еден доказ дека кризата во владејачката коалиција станува сериозен проблем.

Колку за потсетување, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ досега ги поддржа и понатаму ќе ги поддржува сите економски мерки кои ќе значат олеснување и полесно справување со последиците од КОВИД кризата, но јасно и гласно кажуваме дека нема да дозволиме владата предводена од Заев својата неспособност да ја правда и пере преку ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.“ - велат од пратеничката група на опозициската партија

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 15:00
Фото: 
архива

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега