ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе на директорот на Водовод тепаат вработени - објавено видео

Фрапирачка снимка се шири на социјалните мрежи каде се гледа дека луѓе на новиот директор на Водовод поставен од Арсовска физички малтретираат вработени во претпријатието - велат од ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата СДСМ Арсовска, и директорот Маријан Митовски во организирана шема за демонстрирање на насилие.

Истата СДСМ која плаќа стотина илјади евра во билборди и ТВ спотови да ја брани Арсовска сега треба да понесе одговорност заедно со Арсовска како малтретираат луѓе.

Од што се плаши Арсовска и СДС па физички угнетуваат и напаѓаат вработени. Во каков мед сега се фатени. Дали се исплашени од тоа што обвинителството побара исказ од Арсовска?
Ова ли е новото модерно Скопје на СДС и Арсовска.

Веднаш поради овој инцидент треба да си поднесе оставка директорот Маријан Митовски, а Арсовска да одговори зошто се малтретираат луѓе, порачуваат од опозицијата
23.09.2022 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега