ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се брани во Брисел, а не со коленичење во Софија

Нема ништо од ветувањето на Заев за европска иднина, Македонија се брани во Брисел, а не со коленичење во Софија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за решавање на спорот на Македонија со Бугарија.

„Додека претседателот Христијан Мицкоски го користи секој контакт да ја промовира Македонија, Заев ја понижува. Мини Шенген на Заев не може да биде замена за европската иднина. Додека Заев е фрлен на крадењето, ВМРО-ДПМНЕ во Брисел ги брани интересите на Македонија. Изјавата на португалската министерка е доказ дека Бугарија не е осамена во ветото“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија оценуваат, дека како што велат, Заев нема план како понатаму и тера ден за ден политика, од еден до друг неуспех.

„Додека Заев чека да ја проверел преку МНР автентичноста на снимката од португалската министерка, сите ние слушнавме што кажа. Прво, дознавме дека освен Бугарија има и други држави кои не се против ветото, второ, навикнавме Заев да не реагира на омаловажувањата за нашите идентитетски обележја“, стои во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

30.06.2021 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега