ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев тоне секој ден во секој поглед, над 12.000 заразени и пропадната банка

Македонија тоне со Зоран Заев секој ден во секој поглед, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бројот на заразени од корона надмина 12 илјади лица, 6 пати повеќе од прогнозите на Филипче. Но неспособната власт на Заев покажа дека не само што не умеат да се справат со здравствениот аспект од корона кризата, туку не умеат да се справат ниту со економската криза. Македонија е единствена земја во регионот во која пропаѓа банка исто како што сме единствени на врвот по заразени и починати на еден милион жители. Ова е директен удар и врз банкарскиот сектор, стопанството, стандардот на граѓаните  и економскиот систем во целина, се вели во писменото соопштение од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, по изборите народот ја гледа сметката од неспособното владеење на Заев.

-Сега граѓаните плаќаат 7,5% повисоки сметки за струја, сега пропаѓа банка, сега цената за откуп на грозје е катастрофална, сега излезе на виделина дека долгот пораснал за 1 милијарда евра за три месеци. Сега Македонија е меѓународна опасност за ширење на корона вирусот, сега се кажува дека немаат конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси кои ги донесе власта на Заев. Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега