ВМРО-ДПМНЕ: Мерко е на црна листа, а Ковачевски не смее да му побара одговорност
„Тоа што Рамиз Мерко се најде на црната листа, е само врвот на сантата мраз на криминалот и корупцијата на оваа власт на ДУИ и СДС. За да ги собере сите прекршувања на законот, матни зделки, местени тендери, партизирања на судството, лични богатења и слично не треба црна листа, туку цел еден црн тефтер.“-велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.
-Молкот на Ковачевски уште еднаш потврдува дека тој е безгласна буква во власта, ниту смее да критикува, а камо ли да побара одговорност од Мерко. Тоа ја покажува целата потчинетост на СДС и Ковачевски во односот со ДУИ и нивните функционери. Фали уште Ковачевски да го моли Мерко да им дозволи на институциите да направат увид на документацијата. Тоа е резултатот на уништениот систем и заробените институции.
Но се е веќе разголено. Нема ден да помине, а да не добие власта шлаканица за нивната корупција и криминал. Светот ги разбра веќе дека се шампиони по мафијаштво и по урнисување на правната држава.-додаваат од партијата.
„Сега и ДУИ и СДС може да вртат да сучат, но ништо не ги спасува. Следи и политичка и кривична одговорност за сите криминали за оваа власт.“-стои во соопштението.
29.06.2023 - 10:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа