ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков се појавил во ЈО 40 минути пред да се појави пред камерите- дали намерно е пуштен за да направи театар?
Коалицијата Заев - Мијалков се повеќе излегува на виделина. А доказите се на секаде. Мијалков се појавил во ЈО во 16 часот, а театарот пред камери го прави во 16.40 часот. Што правел Мијалков 40 минути и дали ЈО го пуштило да праби циркус пред камери? Мијалков наместо веднаш во куќен притвор глумел изненаден, и му правел на Заев простор за промоција, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ прку соопштение.
„Дали Мијалков во ЈО е донесен со службен владин црн автомобил марка Фолксваген пасат? И каде бил претходно?
Две минути откако се снима Мијалков пред ЈО, Заев се јавува со фејсбук објава каде се фали дека тој вршел притисок Мијалков да се предаде.
Режијата е премногу очигледна. Заев и Мијалков се цело време во комуникација. А да не беше ВМРО, народот и меѓународната заедница Мијалков сега ќе беше на слобода, бидејќи тоа беше планот на Заев, за да можат да прават вештачка криза во ВМРО.
Планот на Заев пропадна. Одговорност мора да има за сите, па и за Заев“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа