ВМРО-ДПМНЕ: Минималната плата која СДСМ ја ветува е фарса

Минималната плата која СДСМ ја ветува е фарса. Власта нема реална контрола и голем број на работници се принудени парите да ги враќаат на рака. Наместо реално покачување имаме покачување само на хартија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Работниците се понижени и оставени на маргините на општеството, затоа се повеќе луѓе се иселуваат. Само во еден ден, град како Делчево со 18-тина илјади жители го напуштиле 1.000 луѓе. Тоа е одраз на апатијата во која е западната државата, безперспективноста и криминалот. Нивото на странски инвестиции е помало од било кога до сега, стои во партиската реакција и се додава:

„Реализацијата на капитални инвестиции е очајно ниска и изнесува 28% за цели 8 месеци. Тоа не говори ВМРО-ДПМНЕ, тоа го говори ДЗС. Со СДСМ само тонеме. Живее само елитата во власта. СДСМ мора да си замине“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега