ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на СДС и Филипче ќе се смета за соучесништво и дека ги поддржуваат подметнувачите на пожари
СДС и Венко Филипче треба да се оградат од Зоран Заев, чиј возач и човек од највисока доверба, подметнува пожари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во време кога одредени делови од државата се зафатени од пожари, лицето А.Н. е фатено и уапсено од полицијата поради намерно предизвикување пожар во струмичко.
И СДС на Венко Филипче, наместо да испраќа соопштенија и да држи прес-конференции полни со лаги за пожарите кои имаат за цел да предизвикаат страв паника кај населението, да се огради од Заев.
СДС, наместо да ја обвинува властa за состојбата со пожарите, за се извинат на македонските граѓани, затоа што лица блиски до партијата палат пожари.
Дека тоа е така потврди и самиот Заев, кој во изјава за медиум призна дека тоа лице за време кога тој бил градоначалник на Струмица, бил возач вработен во општината.
Ова лице може да се забележи во друштво со Заев, кога тој е со опкружен со лица соработници кои биле проверени и од негова највисока доверба.
Ако лицето А.Н. бил од највисока доверба на Заев во периодот кога тој на СДС му ги предаваше таканаречените бомби, кој би поверувал дека сега тој дејствувал самоиницијативно и на своја рака подметнал пожар.
Институциите, исто така, во неколку наврати утврдија дека дел од пожарите се намерно предизвикани од човечки фактор.
Додека ваквите потпалувачи на пожари, како шоферот на Заев, ги палат македонските шуми, против кои Владата со сите сили и расположливи ресурси се бори, СДС и нивните апологети шират лаги, манипулираат со јавноста и ги користат како тема за креирање паника.
Затоа, ако сакаат СДС и Венко Филипче да се тргнат од сценариото за предизвикување пожари кои ги горат македонските шуми, треба се оградат од Заев.
Да ги искористат прес-конференциите, кои им служат за ширеше лаги и манипулации, и уште веднаш јасно, гласно и недвосмислено да дистанцираат од Заев и да се извинат на македонските граѓани за неговиот шофер.
Во спротивност, молкот на СДС и Филипче ќе се смета за соучесништво и дека ги поддржуваат подметнувачите на пожари“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа