ВМРО-ДПМНЕ: Муцунски никаде во своето интервју не кажал дека е нормално внесувањето на Бугарите во Уставот, центри блиски до СДСМ шират лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека потпретседателот на партијата, Муцунски во интервју не кажал дека е нормално внесувањето на Бугарите во Уставот.

„Потпретседателот Муцунски никаде во своето интервју не кажал дека е нормално внесувањето на Бугарите во Уставот, центри блиски до СДСМ шират лажни вести.

Напоменуваме дека дента по интервјуто беше раширена иста таква информација, која веднаш по воочување на грешката од тие медиуми беше повлечена.

Зад ваквото ширење на лажни вести стои центар близок до СДСМ.

Бидејќи од СДСМ, Зоран Заев и Димитар Ковачевски е создаден проблемот со Бугарија.

Заев со неговите анационални политики ја донесе земјата до ова дереџе. Свесни за срамот од тоа СДСМ се обидуваат со лаги да ја префрлат дел од вината на друг, но тоа не им успева. Затоа што само заради изјавите и политиките на Заев, кои беа на линија со најголемите Бугарски шовинисти, Македонија е сега блокирана, и на врат има барања кои никогаш не биле предмет на дискусија се до појавувањето на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

06.06.2022 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега