ВМРО-ДПМНЕ: На митинзите на ДУИ се пука од огнено оружје, а Спасовски молчи и не постапува

„На митинзите на ДУИ се пука од огнено оружје, а Спасовски молчи и не постапува, криминалната коалиција ги живее последните денови.

Криминалната коалиција СДСМ - ДУИ е во паника, и затоа се и пукањата по митинзи на СДСМ. Знаат дека ќе загубат и ги фаќа паника.

Спасовски наместо да молчи да постапи по закон и да ги открие извршителите, тоа е кривично дело казниво по закон“- обвинуваат утринава од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Како што се вели во соопштението, ги повикувале меѓународните претставници да ги следат овие акти, кои биле се', освен демократски.
„СДСМ и ДУИ знаат дека ќе го изгубат Чаир, а ќе го изгубат и Скопје, причините заради кои ја формираа коалицијата. Затоа се во паника.

Во ист контекст се и заканите на Арафат Муареми во Сопиште, каде се заканува со инспекции и истраги, а тоа веќе претходно истиот го направи во Петровец, каде неосновано го шиканира Борче Митевски.

СДСМ и ДУИ ги чека огромен пораз. На 17 октомври доаѓа нова иднина за Македонија“-додаваат од опозициската партија.

 

 

01.10.2021 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега