ВМРО-ДПМНЕ најавува можен бојкот на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ најавува можен бројкот на локалните избори. Клучен предуслов е набавката на отчитувачи за отисоци. Од партијата велат дека ако продолжи одбивањето на Владата да ги набави овие апарати, можни се и оставки од членови на Државната изборна Комисија.

Високи партиски функционери во опозицијата алармираат дека ова е законска обврска согласно членот 108-А од Изборниот Законик изгласан на 16ти февруари лани.

За набавката се потребни најмногу 2 милиони евра велат од партијата, а опција е и да се изнајмат за да се заштедат пари. Поддршка според ВМРО-ДПМНЕ дава и коалицијата Алијанса и Алтернатива.

Дека ова е обврска предвидена со закон опозицијата ја брифирала и меѓународната заедница. Известен бил и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Сведоци сме за тоа дека имаше поткуп на изборите, на референдумот се гласаше на 2-3 секунди. Затоа ние бараме да се испочитува законската обврска и да се набават отчитувачите на отисоци.
Ако не сакаат да ги набават значи подготвуваат фалсификат.“ - изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во вестите на Сител

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2021 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега