ВМРО-ДПМНЕ: Најдобро за нашите општини е СДСМ да си замине

Најдоброто за нашите општини е да си заминат СДСМ и Зоран Заев зошто украдоа 1 милијарда евра пари од граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Оттаму велат дека поради СДСМ секој граѓанин должи по 3.500 евра.

-Најдоброто за нашите општини е да си замине СДСМ затоа што долгот изнесува 63 проценти или секој човек должи по 3500 евра со СДСМ. Најдоброто за нашите општини е да си замине СДСМ затоа што лицето на СДСМ е Боро Марлборо, Курто Дудуш и градоначалникот измамник Петре Шилегов. Најдоброто за нашите општини е да си замине СДСМ затоа што Охридското езеро влезе во црвената зона на најзагадени езера со што се доведе под прашање заштитата од УНЕСКО. Најдоброто за нашите општини е да си замине СДСМ затоа што Шилегов илзажа дека ќе гради тунели под Кале, подземни и надземни сообраќајници, нови булевари, а наместо тоа Скопје доби три зелени жардињери и гинко дрво. Шилегов направи измама од 12.8 милиони евра преку продажба на Градската куќа. СДСМ и Заев се најлошото за нашата општина, се вели во реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

08.06.2021 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега