ВМРО-ДПМНЕ: Наместо интригантските игри на „Мериот“ коалицијата која им служи на интересите на Заев, за ВМРО-ДПМНЕ поважна е борбата против катастрофалното управување на државата

Една помала група на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои наместо да се фокусираат на борбата против Зоран Заев, одбраа да служат на неговите интереси и денес кога уште не е изгласана новата Влада на Заев, со стари и компромитирани транзициски кадри побараа нов конгрес и дадоа изјава пред седиштето на партијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во насока на транспарентноста, тие веднаш биле поканети на средба со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и раководството, но групата не изразила подготвеност за отворена и конструктивна средба бидејќи немале таква насока.

-ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ е организирана и демократска партија, при што истите ги повикуваме нивната иницијатива да ја достават до партијата и таа ќе биде разгледана од Централниот Комитет на партијата. За ВМРО-ДПМНЕ наместо интригантските игри на „Мериот“ коалицијата која им служи на интересите на Заев, поважна е борбата против катастрофалното управување на државата. Тоа е главниот приоритет за партијата и ВМРО-ДПМНЕ и во иднина нема да се занимаваме со нивната намена да ја ослабат партијата и да помогнат на партијата на власт, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега