ВМРО-ДПМНЕ: Наместо мерки против корона, Заев и Филипче со скапа кампања против корона пред избори

300 илјади евра чини кампањата на Заев и Филипче протов корона. Наместо лек против корона, народот доби реклами, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, премиерот и министерот за здравство со кампањата за вакцинација доцнат повеќе од девет месеци, доцнеа и со вакцини, а досега воведоа само фашистички мерки.

-Освен за фашистички мерки, Заев и Филипче се махери за провизии, собирање пари. Сега преку кампањата за подигање на јавна свест за вакцинација против корона која чини 300 илјади евра одат во спроведување на својот следен коруптивно-криминален план. Поточно тоа тие го нарекуваат како „јавна набавка за услуги за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за успешна вакцинација и заштита на населението од КОВИД 19“. Но, ова е авансирање на средства за нивната политичка кампања за локалните избори. Или со оваа кампања на државата за поттикнување на граѓаните да се вакцинираат, всушност се авансираат средства за нивната политичка кампања за локалните избори. Меѓународниот фактор мора да знае за ваквиот обид на изборна корупција, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

24.08.2021 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега