ВМРО-ДПМНЕ: Наместо врз Бугарија, Заев прави притисок врз историската комисија

Нетранспарентното менување на членот на историската комисијата со Бугарија од страна на Заев е обид за замолкнување на вистината. Заев го замолкнува секој обид за спротивставување кон неговите политики и го деградира сечие мислење и критика насочено кон обелоденување на историските факти – велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев безобразно лаже за смената на членот на комисијата кој беше критички настроен, а со тоа прави дополнителен притисок кон останатите членови, за казната која би ја добиле. Целта е јасна да се потпишат и да се согласат сите членови на се што ќе каже деспотот Заев, за да може да се пазари со идентитетот. Повеќе од три месеци Владата молчи за Анексот и за неговата содржина, која претставува нова капитулација за Македонија и одрекување од идентитетските обележја и историските вистини – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега