ВМРО-ДПМНЕ: Народот ги плаќа нелегалните играрии на власта со дивоградбата кај Мавровка

Народот ги плаќа нелегалните играрии на власта. Објектот кај Мавровка е изграден во време на Влада на СДСМ. Значи дека немало институција која реагирала и дека нема систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, рушењето на таков објект за кој власта дозволила да се изгради сега ќе се плата од џебот на граѓаните.

-Кривичната пријава за бесправно изградениот објект кај Мавровска е обичен популизам од страна на Јавното обвинителство. Дивоградбата кај Мавровка е изграден во време на владеење на СДСМ и Зоран Заев што укажува дека државните институции наместо да реагираат на ваквото незаконие тие останале глуви. Инвеститорот на објектот кај Мавровска се бараше преку јавен огласи, а за да биде иронијата поголема во потрагата се вклучи и Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје. Општина Чаир распиша оглас за уривање на дивоградбата во износ повеќе од еден милион денари, а ниту една компанија не беше пријавена на истиот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволиле да се изгради.

-Па оттука логично се поставува прашањето како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка?  Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на непослушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот?, прашуваат од опозицијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега