ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака оставка од Заев

„Народот не сака театар од Заев, сака оставка за да има објективна истрага“ – вака најголемата опозициска партија во нашата земја, ВМРО-ДПНЕ реагираше во писменото соопштение утринава, испратено до медиумите.

Оттаму додаваат дека понудената оставка од Филипче била изнудена поради притисокот од народот, и како што велат партиските инструкции за одбрана на Филипче по социјалните мрежи покажуваат дека Заев несериозно ја сфаќа задачата околу тетовската несреќа.

 

Истрагата може да биде објективна само ако и Филипче, и Артан Груби и Заев си дадат оставка за да нема политичко влијание во самата истрага во која згаснаа 15 животи. Заев да не се крие, туку да излезе и даде одговори. Молкот внесува недоверба и покажува дека се заташкуваат и прикриваат докази“ – стои во соопштението на партијата.


11.09.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега