ВМРО-ДПМНЕ: Народот врие, преку глава му е од неправди, слобода за Уставобранителите!

Народот врие, преку глава му е од неправди, слобода за Уставобранителите! Нема ден да нема скандали и криминал, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.,

Од партијата наведуваат дека Владата на Заев е најнеспособната влада до сега, и тој владее само со шиканирање.

„Вчера илјадници луѓе излегоа и кажаа НЕ за неправдите на Заев. Народот е незадоволен додека криминалци се на власт, народ лежи во затвор затоа што го бранел Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори заедно со народот за исправање на сите неправди, и одговорност за секој, без разлика за кого се работи.

Даваме целосна поддршка за Уставобранителите.

Потребно е случајот повторно да се отвори и  неправедно осудените да добијат шанса да ја докажат својата невиност.“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2021 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега