ВМРО-ДПМНЕ: Не прифаќаме диктати по ниту една цена, ако нема членство во ЕУ и заштитен идентитет уставните измени не поминуваат
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека не прифаќа диктати по ниту една цена. Од партијата велат дека ако нема членство во ЕУ и заштитен идентитет, тогаш уставните измени нема да поминат.
„ВМРО-ДПМНЕ даде два предлога, и двата предлога опфаќаат членство во ЕУ и заштитен идентитет. СДС една недела молчи и не кажува кој предлог го прифаќа. СДС може да заборави на уставни измени по бугарски диктат, такви уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да поддржи.
СДС не треба да ја пропушти историската шанса која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ за национално единство. СДС да кажат кој предлог го прифаќаат, во спротивно нека ги стават на гласање уставните измени, па да видиме како ќе поминат. Знаат дека немаат 2/3 и затоа растураат пердуви“ порачаа од опозициската партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа