ВМРО-ДПМНЕ нема желба за соработка со ДУИ во овој момент

ВМРО-ДПМНЕ нема интерес за соработка со партијата на Али Ахмети во овој момент, брифираат високи партиски извори. Ваквите позиции според неофицијалните информации вчера му биле пренесени и на лидерот Ахмети на средбата која ја имал со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според партиските анализи, ВМРО-ДПМНЕ на последните избори доби голем број на гласови од граѓани чија желба е ДУИ да биде развластена и дека евентуална соработка со интегративците во овој момент, можеби ќе и донесе реална власт на партијата но ќе значи разочарување за големиот број граѓани кои дале поддршка за смена на двоецот ДУИ – СДСМ
„Ние можеме во наредните месеци заедно со ДУИ да добиеме реална власт. Ќе ги контролираме поголемиот дел од министерствата и централната власт што секако е подобра позиција во пресрет на извесните предвремени парламентарни избори. Но тоа ќе биде разочарување за сите оние кои гласаа за нас откако им ветивме дека ДУИ ќе биде развластен“ – вели нашиот извор.
Од партијата додаваат дека и во текот на денешниот ден продолжуваат разговорите со останатите .
Вчера по средбата Мицкоски – Ахмети која дошла на барање на лидерот на ДУИ излегоа со став во кој воопшто не се криеше дека се сондирал теренот за идна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

„Господинот Ахмети денеска имаше средба со господинот Мицкоски и на таа средба се разгледани главните програмски точки и дали во иднина можат да се поклопат тие на ДУИ со оние на господинот Мицкоски. Што се однесува за договорот од Преспа, го прифаќа или не новото име на државата, другото прашање е каква е визијата на господинот Мицкоски за проблемот со Бугарија, кој е клучен за да се отворат преговорите со ЕУ. Ова се точките кои отвораат можност за соработка со господинот Мицкоски или не, во иднина доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори“ – се вели во соопштението

Од ВМРО-ДПМНЕ официјално само информираат дека разговарале за поднесеното прашање за доверба на Владата

„Тема на разговорот беше прашањето за гласање на доверба на Владата на СДСМ-ДУИ, за што до Собранието се поднесени 61 потпис“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во официјалната реакција.

А.С.

09.11.2021 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега